Влатко Стефановски во Сплит ја прими престижната награда „Порин“ за придонес во музиката
Македонскиот музичар гитарист со меѓународно реноме Влатко Стефановски вчера (27 март) во Сплит доби награда за особен придонес во хрватската музика „Порин“. Како што објави „Кроација рекордс“, соработниците на Стефановски, тој ја воодушеви сплитската публика со акустичен концерт во концертната сала „Иво Тијардовиќ“, на кој му беше доделена наградата








