Блажевски со нов триумф за македонскиот олимписки спорт
Македонското таеквондо доби нов силен поттик од младата генерација. Филип Блажевски, член на таеквондо клубот „Бутел“, синоќа во Приштина освои бронзен медал на Европското првенство за натпреварувачи до 21 година, потврдувајќи дека континуитетот на успеси на овој клуб и на репрезентацијата не е случаен блесок, туку резултат на сериозна работа. На шампионатот








