Вардар победи по еден месец: „Покер“ голови за три бода против Силекс
Шампионот на Македонија, Вардар, конечно, по пауза од еден месец, успеа да забележи победа откако со 4-1 славеше над Силекс во меч од Првата лига. „Црвено-црните“ последниот триумф го имаа против штипската Брегалница (2-0) на 25 јули, а оттогаш следуваа елиминација од Рига во Конференциската лига, но и порази од Шкендија и од Струга во домашното првенство




