Сообраќајка во Бутел: Три возила учествувале, меѓу нив и службено возило на ЕВН
Сообраќајна несреќа се случила попладнево во скопската населба Бутел, каде според првичните информации учествувале три возила, меѓу кои и службено возило на енергетската компанија ЕВН. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници, како и екипа на Итната медицинска помош. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица






