Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице
МВР информира дека вчера во СВР Скопје, Н.Х.И.(72) од Скопје пријавила дека на 26. овој месец околу 11:00 часот во маркет на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од едно лице. Според пријавата, непознатото лице ја турнало и ѝ нанело тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот










