Српскиот писател Владимир Пиштало е лауреат на „Прозарт 2024“
Српскиот писател Владимир Пиштало е годинашен добитник на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало лично на 17 септември 2024 година, на свеченото затворање на фестивалот