Синдикатот на културата во четврток организира протест пред Министерството
Под мотото „Културата има глас“, во четврток Синдикатот на културата ќе одржи протест пред Министерството за култура, изразувајќи незадоволство од, како што наведуваат, непочитувањето на колективните договори и игнорирањето на културните работници од страна на институциите. Според најавите, протестот ќе започне во 12:00 часот пред зградата на Министерството










