Прилепчанец освои трето место на турнир, а се натпреваруваше и со четири години постари од него
Во Крива Паланка се одржаа натпреварите од турнирот Телеком мастерс 2026 за јуниори до 19 години. Особено интересна беше машката конкуренција, каде што одличен настап имаше прилепчанецот Мартин Ристески од ППК Полиоспорт. Иако има само 15 години и настапуваше против ривали постари и до четири години, Ристески успеа да стигне до одличното трето место

