Најпосетуваната туристичка дестинација во Германија почнува да наплаќа влезница
Келнската катедрала во иднина ќе им наплаќа влезница на туристите, со цел да ги покрие повисоките трошоци, објавија свештениците на катедралата. Таксата ќе се наплаќа од втората половина на годината и ќе се однесува на големиот внатрешен простор на катедралата. За посетителите кои доаѓаат на богослужба и молитва, влезот ќе продолжи да биде бесплатен


