Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени
На 10 април 2026 година околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред хотел на подрачјето на Аеродром. Според информациите, по претходна расправија околу работните обврски, дошло до физичка пресметка помеѓу Ф.И. (28) и Б.М. (36), двајцата од Скопје и вработени во хотелот.










