Кар со звукот на сирената го реши Олимпијакос
Кошаркарите на Виртус направија изненадување совладувајќи го Олимпијакос во Болоња со резултат од 96:94. Европскиот шампион го претрпе првиот пораз во сезоната, додека Виртус го забележа својот прв триумф. Херој беше Маркус Кар, најефикасен во својот тим со 22 поени и 10 скока. Канаѓанецот погоди тројка, негова петта во натпреварот, со звукот на сирената





