Рецензија за збирката „Живи рани, мелем песни“ од Габриела Стојаноска
Поезијата на Габриела Стојаноска е длабоко интимна. Може да се чита како исповед или како духовен дневник на една жена која поминала низ возвишените, но и низ земните искуства на човечкото доживување. Стојаноска не се крие зад метафори. Таа зборува директно и ние не мораме да читаме помеѓу редови за да ја најдеме поетската сила во нејзиниот глас

