Олеснување за македонските работници: Словенија поедноставува процедури за возачки дозволи
Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Северна Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија. Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат









