Водата во Валандово не е безбедна за пиење, откриено зголемено ниво на арсен
Според информациите од ЈП „Комунален сервис“ - Валандово, анализите извршени од Институтот за јавно здравје - Скопје покажале дека водата во моментов не ги исполнува условите за безбедна употреба како вода за пиење. Од претпријатието апелираат до граѓаните строго да ја почитуваат препораката и до добивањето на нови резултати да не ја консумираат водата










