Превозниците ја предупредуваат ЕУ: Возачите на камиони не се туристи, тие бараат промена на правилата
Четирите земји од регионот ѝ дадоа рок на Европската комисија до 10 август да понуди решение за проблемот со професионалните возачи на камиони. Поради правилото, според кое можат да останат во Шенген максимум 90 дена за шест месеци, возачите се практично на рамноправна основа со туристите и предупредуваат дека е сè потешко да си ја работат работата









