Дали „Сеат“ ќе исчезне од пазарот?
„Фолксваген групацијата“ ја разгледува иднината на шпанскиот бренд „Сеат“, а меѓу можните сценарија е и негово постепено гасење. Сепак, конечна одлука засега нема, изјавил директорот на „Сеат“ и „Купра“, Маркус Хаупт, во интервју за британскиот магазин „Аутокар“. Медиумот претходно објави дека имал увид во документи според кои брендот би можел да биде




