Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош
Седум лица вдишиле чад при пожар што избувнал попладне околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје, кој веќе е изгаснат од противпожарните служби на град Скопје. На повредените лица им е пружена медицинска помош, потврди Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. Пожарникарите интервенирале со две возила во