Алонсо: Горд сум што играчите се бореа на теренот
Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го освоија и четвртиот бод во Лигата на шампионите, играјќи нерешено против Фредериција 29-29. Пелистерци имаа предност од еден гол, испуштија напад за +2, а потоа со два брзи гола, данскиот тим дојде до предност, која беше анулирана за на крај реми. Ова беше деби за новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите,