Исчезнаа две малолетни сестри во Штип
Полицијата трага по две малолетни сестри од Штип, на возраст од 12 и 14 години, чие исчезнување го пријавил нивниот татко. Како што информираат од МВР, вчера во 17 часот, во СВР Штип било пријавено дека двете девојчиња се оддалечиле од семејниот дом. Надлежните преземаат мерки и активности за нивно пронаоѓање.



