Средба на Сиљановска-Давкова со учесниците од програмата „Конекција Оксфорд“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“. Меѓу нив беа Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура, и г-ѓа Нада Милкова, директорка









