Челзи ќе се обиде да се спаси од историска бламажа на „Енфилд роуд“, пенал имало на три од последните четири лигашки пресметки
Без разлика кој е влогот, дерби дуелите во англиската Премиер лига секогаш имаат посебен шмек, па така се очекува да биде и на „Енфилд роуд“ каде Ливерпул е домаќин на Челзи. На домаќините им е потребна победа за да може и дефинитивно да обезбедат позиција која следната сезона ќе им гарантира место во Лига на шампиони. Челзи е во катастрофална форма

