Прилеп претстави ново засилување за следната сезона – Петар Маркоски се обврза на 2-годишен договор
РК Прилеп го претстави најновото засилување на пикерската позиција, дресот на прилепчани ќе го облече Петар Маркоски. Станува збор за 28-годишниот ракометар од Струга, кој во Прилеп доаѓа од редовите на РК Еурофарм Пелистер 2, носејќи со себе искуство, сила и борбеност на линијата од 6 метри. Маркоски стави потпис на договор со времетраење од 2 години,



