Британците имаат сè помалку пари за храна и греење
Ново истражување покажа дека 66 проценти од Британците се загрижени за своите финансии во наредните месеци, додека 31 процент ги намалуваат трошоците за храна и греење за да сврзат крај со крај, објави Скај њуз. Според истражувањето, спроведено од TSB и Lightning Reach, 38 проценти од испитаниците рекле дека нивните финансии се влошиле во споредба



