Поради силната бура „Бајрон“, утре затворени сите училишта во Атика и на Родос
Грчките власти донесоа одлука утре да бидат затворени сите основни и средни училишта, јавни и приватни во регионот Атика и на островот Родос, поради опасното невреме предизвикано од бурата „Бајрон“, која ги зафати источните и јужните делови на земјата. Регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалијас, изјави дека мерката е донесена превентивно, со





