Денес свои роденден прославува нашиот познат академски сликар, мозаичар и професор Газанфер Бајрам.
Газанфер Бајрам, угледен уметник, е роден во Скопје на 17 март 1943 година. Уште во младоста дипломирал на постдипломски студии од монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград, каде што ја издлабил својата страст кон фреско-сликарството и мозаикот. Две години поминал на Отсекот за мозаик при Академијата за убави уметности во


