Му побарале лична карта „за хуманитарна работа“ а сега има за плаќање брз кредит од 3.500 евра!
Осумнаесетгодишно момче од демиркапискиот регион станало жртва на измама откако непознат маж го убедил да му дозволи да ја фотографира неговата лична карта, со изговор дека документот му е потребен за да го ангажира во делење пакети за црква со паричен надомест. Наместо повик за работа, младиот човек по неколку месеци добил писмо од финансиско друштво










