ССМ повикува на блокада во вторник: „Ќе ги оневозможиме пратениците да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден“
Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот, известуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија










