„Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар“, велат од СДСМ
„Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!“, кажа Елена Радеска, СДСМ. „Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која









