Солистички рецитал на Берислав Јерковиќ и Ана Дадиќ од Хрватска
Солистички рецитал насловен „Звуците на срцето и душата“ ќе се одржи вечер во Салон 19 19 во Културно-информативниот центар во Скопје. На него ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска, а настанот се одржува во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. Јерковиќ е дипломец по пеење, диригирање и музичка педагогија,







