САД бараат азиските сојузници повеќе да вложуваат во одбраната поради растечкото влијание на Кина
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги повика азиските сојузници на САД значително да ги зголемат трошоците за одбрана со цел да се спротивстават на растечката воена моќ на Кина и да спречат нејзина доминација во регионот. Говорејќи на безбедносниот форум „Шангри-Ла дијалог“ во Сингапур, еден од најзначајните собири на министри за одбрана,










