Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, во фокусот евроинтеграциите и билатералната соработка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските односи, коишто се одликуваат со редовен политички дијалог, заеднички стратешки цели и усогласени ставови за меѓународните прашања










