За два месеци, животот поскап за две илјадарки – синдикалната кошничка во февруари стигна 67.400 денари
Животот во февруари е поскап за речиси илјада денари во однос на јануари, а трошоците за едно четиричлено домаќинство за два месеци поскапеле за над 2.000 денари. Синдикалната минимална кошничка за февруари изнесува 67.382 денари-пресмета Сојузот на синдикатите на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати пак, вредноста се зголемува на 82.757 денари










