Елена Рибакина се откажа од настап на ОИ
Уште едно откажување на тенискиот Олимписки турнир и тоа полуфиналистката на овогодинешното издание на Вимблдон, Елена Рибакина. Според достапните информации, тенисерката која игра под одбележјата на Казахстан се повлекува поради здравствен проблем.