Денеска во некои делови од Скопско ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија
Дел од жителите на улица 8 во село Горно Соње , во местото познато како Коштан , денес ќе бидат без струја, од 08:30 до 15:00 часот . Додека од 09:00 до 11:00 часот , дел од потрошувачите на булеварот Македонско-косовска бригада , во близина на бензинската пумпа Бутел , исто така ќе бидат без струја , соопшти Регионалниот центар за управување со кризи










