„Нови хоризонти“ на 26 февруари во Македонска филхармонија
Во четврток, на 26 февруари, со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на Македонска филхармонија ќе се одржи концертот „Нови хоризонти“, најавен во редовната програма на институцијата. Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија, а како солист ќе настапи пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан. На програмата е Концертот за пијано и оркестар


