ФИБА го „пикираше“ Луканоски: Внимавајте на ова момче!
Фото: КФСМ Марко Луканоски би можел да биде еден од главните играчи не само во нашата младинска репрезентација, туку и воопшто на претстојното Европско првенство од Дивизијата „Б“ кое утре стартува во главниот град на Ерменија – Ереван. Капитенот на македонската селекција „Под 20“ години би требало да биде еден од носителите на избраниот тим на селекторот