ВЛЕН: Ги штитиме идните генерации – казината немаат место покрај нашите деца
Собранието го усвои новиот Закон за игри на среќа, со кој се воведуваат значајни ограничувања за работењето на казината и објектите за игри на среќа, со цел, како што наведуваат од ВЛЕН, заштита на младите и семејствата. Со законските измени се предвидува казината и објектите за игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовните институции








