Милан го победи Интер и остана во трка за Скудетото
Милан синоќа го победи Интер со 1:0 во дербито на 28. коло од Италијанското фудбалско првенство. Единствениот гол го постигна еквадорскиот интернационалец во редовите на домашниот тим, Первис Еступињан во 35-тата минута. Двата тима имаа по два удари во рамките на голот. Милан со 60 бода по 28 натпревари е втор на табелата во Серија А и ги зачува шансите







