Судири со полицијата на антивладин протест во Мексико, повредени 120 лица
Повеќе од 100 лица се повредени, а 20 уапсени за време на масовниот протест во мексиканската престолнина во саботата против начинот на кој претседателката на Мексико се справува со насилниот криминал, соопштија локалните власти. На протестниот марш на главниот историски плоштад „Зокало“ во Мексико Сити излегоа илјадници луѓе. Демонстрациите ги поттикнаа










