Ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода заминаа на бесплатен спортско-едукативен камп
Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик од Општина Кисела Вода вчераутро заминаа на летен спортско-едукативен камп во Охрид. Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде што им се обезбедени шест полни пансиони. Од Општина Кисела Вода информираат дека за квалитетното исполнување на времето








