Мичел испиша историја, Кливленд израмни
Кливленд славеше против Детроит со 112:103 и ја израмни плејоф-серијата на 2:2, а вечерта ја обележа фантастичниот настап на Донован Мичел. Ѕвездата на Кливленд постигна 43 поени, од кои неверојатни 39 во второто полувреме, со што го израмни рекордот на легендарниот Слипи Флојд од 1987 година за најмногу поени во едно полувреме во историјата на НБА-плејофот









