За Нобеловата награда за мир има 287 кандидати- дали е пријавен и Трамп?
Трамп не се откажува од Нобелова награда, некој го номинирал
Има 287 номинирани за Нобеловата награда за мир за 2026 година, изјави во понеделник секретарот на Норвешкиот Нобелов комитет. Претседателот на САД, Доналд Трамп, веројатно ќе биде меѓу номинираните, објави Ројтерс. Од номинираните оваа година, 208 се поединци, а 79 се организации, рече Кристијан Берг Харпвикен, додавајќи дека имало многу нови номинирани
За Нобеловата награда за мир има 287 кандидати- дали е пријавен и Трамп?
Секретарот на комитетот, Кристијан Берг Харпвикен, додаде дека 208 од номинираните за Нобел се поединци, додека 79 се организации, и дека има многу нови имиња во споредба со минатата година. „Бидејќи сум нов на оваа позиција, едно од нештата што ме изненади донекаде е тоа колку многу се обновува списокот на кандидати од година во година“, рече Харпвикен,


