Почнуваат градежните работи на булеварот „Македонија“, првата од четирите фази треба да се реализира за 90 дена
Од денеска почнаа градежните активности на булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намали сообраќајниот метеж во центарот на Градот Скопје. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка










