Опозицијата со критики за ребалансот на буџетот – Власта вели дека растот е реален без оглед на кризите
Продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Опозицијата критикува дека прекројувањето на државната каса е признание дека Владата потфрлила во планирањето и дека тоа ќе значи дополнително зголемување на јавниот долг и на дефицитот. Со ова ништо суштински и конкретно нема да се направи со цел подобрување на стандардот на граѓаните, велат опозиционерите










