Австралиецот Мекивој најбрз во историјата
Австралискиот пливач Камерон Мекивој (31) постави светски рекорд на 50 метри слободен стил. Брилијантниот Мекивој, најкратката делница ја мина со време 20,88 секунди и победи со речиси една должина на телото на Отвореното првенство на Кина во Шенжен. Австралиецот го подобри за три стотинки резултатот со кој Бразилецот Сезар Сиело стана светски рекордер




