Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан
И покрај растот на платите во Македонија, купувањето стан во Скопје денес е потешко отколку пред само неколку години. Анализата на односот меѓу просечната плата и цената на квадратен метар покажува јасен пад на куповната моќ на граѓаните. Во 2020 година, просечната нето плата изнесуваше околу 27.500 денари, односно приближно 450 евра. Со годишна заработка


