Музичка драма што остава без здив – „Риголето“ од Џузепе Верди во рамките на 54. издание на „Мајски оперски вечери“
На 13 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена една од најзначајните музички драми во оперската литература – „Риголето“ од Џузепе Верди, во рамките на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Диригент е Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Пјер Франческо Маестрини (Италија),










