Дали ви недостига Windows XP? Стартувајте го директно во вашиот веб-прелистувач
Иако Windows XP одамна влезе во технолошка пензија, еден необичен проект го враќа во живот легендарниот оперативен систем – и тоа во вашиот интернет прелистувач. На интернет се појави веб-страница наречена Win32.run, која им овозможува на корисниците да извршуваат интерактивна симулација на Windows XP без потреба од инсталација или дополнителен софтвер