САД за прв пат потврдија дека распоредиле вселенско оружје. „Одговор на Русија и Кина“
Соединетите Американски Држави за прв пат потврдија дека распоредиле вселенско оружје во Земјината орбита. Вашингтон официјално призна дека има офанзивни капацитети во вселената, пишува Би-Би-Си. Секретарот на американските воздухопловни сили, Трој Мајнк, изјави дека оружјето „во орбитата“ е неопходно за заштита на американските сили од непријателски










