Фергусон и Венгер се првите тренери кои влегоа во Куќата на славни во Премиерлигата
Легендарните тренери на Манчестер јунајтед односно Арсенал, Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер денеска беа промовирани во нови членови на „Куќата на славни во Премиерлигата“. Тие се првите двајца тренери кои влегуваат во елитното друштво на Премиерлигата. Фергусон и Венгер оставија голем белег во англиската лига, заедно освоија 16 титули во Премиерлигата